Quantcast
Channel: Спонзорирани линкови – lider.mk
Viewing all 12 articles
Browse latest View live

За секого има по една –Театар Комедија

$
0
0
za-sekogo-ima-po-edna

Датум: Понеделник, 11 Ноември 2013
Почеток: 20:00 часот
Локација: Драмски театар – Скопје
Автор: Венко Андоновски
Режија: Владлен Александров

Улоги: Зорица Стојановска, Роберт Вељановски, Атанас Атанасовски, Филип Трајковиќ, Ердоан Максут, Роберт Ристов, Нина Деан, Едмонд Сотир, Крсте Јовановски, Валентин Костадиновски, Жарко Димоски, Илија Илиоски,Катерина Шехтанска-Лаковска

Ако стравот од смртта се победува само со комичното и со смеата, ако солзите и смеата се исто, ако гробиштата се место каде се покажуваат апсурдноста и комичноста на сите наши амбиции, ако некој политичар си го режира сопствениот закоп додека е жив, ако еден безнадежен кандидат за возач се обучува на гробишта затоа што таму е најбезбедно, и ако уште таму прегази пешак, ако таму се радаат нови љубови и ноќе работи една јавна куќа… е тогаш се добива „За секого има по една“. Ова е комедија на забуна (не само забуна на ликовите), туку комедија на целосна забуна: комичното е збунето од трагичното, трагичното од комичното. Нема ништо посмешно од збунет човек, и уште повеќе – од збунет свет.Венко Андоновски

Фотогалерија

za-sekogo-ima-po-edna-01 za-sekogo-ima-po-edna-02 za-sekogo-ima-po-edna-03 za-sekogo-ima-po-edna-04 za-sekogo-ima-po-edna-05 za-sekogo-ima-po-edna-06 za-sekogo-ima-po-edna-07 za-sekogo-ima-po-edna-08 za-sekogo-ima-po-edna-09 za-sekogo-ima-po-edna-10 za-sekogo-ima-po-edna-11 za-sekogo-ima-po-edna-12 za-sekogo-ima-po-edna-13 za-sekogo-ima-po-edna-14 za-sekogo-ima-po-edna-15 za-sekogo-ima-po-edna-16

Видео


Хамлет во пикантен сос –Театар Комедија

$
0
0
hamlet-vo-pikanten-sos-plakat

Датум: Сабота, 26 Октомври 2013
Почеток: 20:00 часот
Локација: Драмски театар – Скопје
Автор: Алдо Николај
Режија: Александра Кардалевска

Улоги: Крсте Јовановски, Зорица Стојановска, Кристина Ласовска, Атанас Атанасовски, Јелена Жугиќ, Валентин Костадиновски – Тино, Тања Мицков, Роберт Ристов, Илија Илиоски, Жарко Димоски и Ердоан Максут.

За претставата

Алдо Николај, користејќи го искуството на некои современи драмски автори кои ја обработуваат тематиката на Хамлет од Вилијам Шекспир, во овој текст, се занимава со младиот принц и неговата дилема: “да се биде или не”,  но погледнта од еден сосема поинаков агол.

Дејството е сместено во кујната на дворецот Елсинор каде што е зготвена и духовито зачинета фабулата на Шекспировиот Хамлет. Како што добриот сос е неопходен за вкусно јадење, така и љубопитниот кралски готвач Фроги, заедно со својата готварска свита, е неопходен за дворските сплетки. А кога е во прашање кујната на данскиот двор каде конзумер е младиот принц Хамлет и неговото кралско семејство, тогаш приказната восприема неочекувано трагичен тек, несвесно придвижуван токму од главниот готвач кој на крајот се обидува да опстане во време на политички превирања и промена на кралската власт. Токму, врската помеѓу хаотичниот свет на готвачот и случувањата во дворот станува имплицитна стратешка идеја на текстот “Хамлет во пикантен сос”, кој претставува бисер меѓу концептите карактеристични за “карневалската книжевност”.

Претставата го претставува светот на дворската кујна како некој вид сензуално или невротично-весело хамлетово подземје, каде се вкрстуваат потсвесните карактерологии на ликовите од Елсинор.

Фотогалерија

hamlet-01 hamlet-02 hamlet-03 hamlet-04 hamlet-05 hamlet-06 hamlet-07 hamlet-08 hamlet-09 hamlet-10 hamlet-11 hamlet-12 hamlet-13 hamlet-14 hamlet-15 hamlet-16 hamlet-17 hamlet-18 hamlet-19 hamlet-20

Видео

Марија Ристовска-Техномаркет: Први го воведовме „црн петок“

$
0
0
Marija Ristovska - Tehnomarket

Техномаркет прв ја почна традицијата за организирање на „црн петок“ и во Македонија, со драстично намалување на цените на производите. Дали сте задоволни од одзивот на граѓаните и потрошувачката?

-Ја започнавме иницијативата за организирање на „црн петок“ пoпусти со цел да им дадеме на граѓаните можност да се снабдат со бројни апарати за домаќинство и бела техника по многу ниски, односно екстремно пристапни цени. Во западните земји исчекувањето на „црниот петок“ е големо и проследено со двојна возбуда, како што кажав, освен поради големите попусти, исто така и поради постоењето и чувството на празнична атмосфера. Иако оваа традиција не е толку популарна кај нас, сепак воведувањето на истата ни беше вториот мотив. Веројатно токму тоа придонесе интересот на граѓаните да биде навистина огромен. Ние сме и повеќе од задоволни. Иако светски познатиот “црн петок“ за првпат се организира кај нас, побуди интерест кај граѓаните на Македонија и тие во голема мера ги искористија намаленијата на производите во Техномаркет. Продажните салони на нашата компанија ширум државата беа преполни, а судејќи според позитивните коментари на нашите потрошувачи, оваа акција претставуваше вистинско освежување пред новогодишните и божиќните празници.

Кои производи беа најмногу купувани?

-Како што имавме дадено попусти на голем број различни производи, така и интерсот на граѓаните беше различен, секој соодветно на сопствените желби и потреби. Но, според очекуваното најголем интерес предизвикаа телевизорите. Исто така доста продавани беа и апаратите од бела техника како што се микробрановите печки, машините за перење алишта, шпоретите и фрижидерите. Дополнително, побарувачката на малите апарати за домаќинство не стивнуваше за време на деновите на акцијата и купувачите успешно ги користеа намаленијата кои до сега ги сметаме за најголеми од постоењето на Техномаркет на македонскиот пазар.

Колкав промет беше остварен за време на екстремните попусти?

Акцијата Black Friday помина повеќе и од успешно. За време на четири дневната акција, продажбата на нашите производи се зголеми повеќе и од очекуваното, но она што нас конкретно не радува се задоволните коментари на нашите потрошувачи кои успеаа да го доопремат својот дом за време на овој настан, по многу намалени цени. Како што кажав на почетокот, мотивот и нашата цел за “црниот петок“ беше да им се понуди нешто ново, интересно и возбудливо на граѓаните. Нашата цел е исполнета, а задоволството кај клиентите, на кои им овозможивме квалитет и подстапни цени во исто време, за нас значи многу повеќе.

Дали и во иднина се планираат вакви попусти?     

-Акциските намалувања на производите на Техномаркет постојат и функционираат во континуитет уште од отворањето на првиот продажен салон на нашата компанија. Промотивните понуди не се ништо ново, всушност секој ден некој нов производ е на промоција, секоја недела некој бренд или група сродни производи се на одреден попуст. Позитивните коментари од граѓаните кои ги искористија попустите од “црн петок“, се уште не стивнуваат и ние постојано добиваме сугестии дека ваквата акција треба да се повтори. Сигурно е и дека ќе ја повториме, можеби не во иста форма и организација, но нешто слично сигурно може да се очекува од наша страна. Успехот од “црн петок“ акцијата е само дополнителен мотив за нас да продолжиме со вакви интересни акции и кампањи и постојано да ја наградуваме довербата која граѓаните ни ја даваат со години наназад.

Дали сметате дека и другите трговци треба да го следат вашиот пример?

-Ние работиме во бизнис којшто зависи од граѓаните, купувачите, тие ни се најважни, постоиме за нив. Токму затоа нивното задоволство, за нас е успех. Избираме со  квалитет, беспрекорана услуга, одлична понуда по содржини и секако бројни попусти, промоции и олеснителни начини на плаќања да ги привлечеме купувачите. Тие ја имаат нашата достапност и услуга во секое време, а ние нивната доверба, која секогаш се трудиме да ја наградиме. Токму од овие причини, се насочуваме кон креирање на позитивни акции и кампањи со кои ќе ги направиме подостапни нашите производи до нивниот дом, но истото им го порачуваме на сите трговци, затоа што задоволниот потрошувач е основен двигател на секој бизнис, во било која организација. Веќе сведоци сме дека неколку компании почнаа да го следат нашиот пример за “црн петок“ акцијата, што особено не радува.

 

 

 

Жито Маркети со нова кампања за хуманост преку Клубот на верни купувачи

$
0
0
kupuvaci

Со кампањата чие лого е „Навика да добивам повеќе“ Жито Маркети овозможува за граѓаните да донираат за хумани цели а притоа и самите да користат бројни поволности во секојдневното пазарување. Кампањата ќе се спроведува преку членување во Клубот на верни купувачи на Жито Маркети, членство со коешто се добива лојална картичка за достапност на големи попусти и промотивни акции.
kupuvaci

Клубот на верни купувачи нуди happy hour акции, дневни, викенд, неделни па се до месечни акции и уште многу други специјални промоции и изненадување. Жито Маркети со вака осмисленото функциoнирање на лојалната картичка за купувачите овозможува ексклузивни и единствени поволности.

Член во Клубот на верни купувачи може да биде секој и со тоа да ја добие лојалната картичка во кој било Жито Маркет. Жито Маркети го плаќа членството, а издвоените средства од членарината потоа ќе бидат наменети за донација во некоја од институциите избрани по препорака од Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство.

Посетете ја ФБ страната како и веб страната на Жито Маркети како би биле во тек за сите акции, промоции и новитети кој ги има секојдневно во маркетите на Жито.

https://www.facebook.com/zito.marketi

http://zitomarketi.com.mk/

Сензoрна интеграција за деца со пречки во развојот и аутизам

$
0
0
senzorna-integracija-1

Основната  цел на центарот е советување, специјална едукација, индивидуален дефектолошки третман,социјална инклузија на децата со попреченост во развојот и аутизам и максимално поттикнување на сите способности во склад со психофизичките карактеристики.

Програмата во центарот К.Р.И.К. се реализира според можностите и потенцијалите на секое дете. Се прави опсервација на детето во социјалното поле, процена на психомоторниот развој и примена на општа дефектолошка дијагностика каде што се изготвува индивидуална програма(стимулативна програма) во согласност со можностите и потенцијалите на секое дете. Во рамки на програмата секојдневно се унапредуваат праксичката, гностичката и практогностичката организираност, говорот и комуникацијата, когнитивните и сознајните функции, социјалните вештини и однесувањето.

Центарот ја прошири својата рехабилитациска програма со примена на метод на сензорна интеграција во соодветно опремена сензомоторна соба.

Сензорна интеграција претставува комплексна организација на сите сетила кои телото ги користи во секојдневниот живот: сетило за вид, слух, мирис, вкус, допир, вестибуларно и проприорецептивно сетило.

Иако секое дете е родено со оваа способност, сензорното интегрирање мора да се развие и доведе во однос со многу настани околу себе и да се прилагоди сопственото тело и мозокот кон многубројните предизвици во текот на детството. Најголемиот развој на сензорна интеграција кај децата се случува за време на намерна и насочена реакција кон целта или адаптивна реакција. Адаптивната реакција помага при развивање и организирање на мозокот. За повеќето возрасни тоа изгледа како игра. Сепак, играта е направена од адаптивни одговори кои произведуваат сензорна интеграција.

senzorna-integracija-2

Техниките на сензорна интеграција кои се користат во Центарот се природни и се применуваат низ тек на игра, каде дефектологот преку смислени активности и налози кои се адаптирани на околината го стимулира детето да дојде до целта. За време на терапијата кај децата се обезбедуваат повеќе тактилни, вестибуларни и проприорецептивни стимулации. Стимулацијата кај детето се овозможува низ самата игра.

Наменета е за  деца со попреченост во психомоторниот и психосоцијалниот развој кои манифестираат необично однесување како што е прекумерно барање или избегнување на активност, движења, звуци и светлосни дразби. Тоа се деца со первазивни развојни нарушувања, аутизам, деца со аутистични елементи, АДХД, успорен психомоторен развој, дисхармоничен развој, дисгнозија, диспраксија и дисхронија, деца со интелектуално нарушување, неразвиен говор (алалија, дисфазија), говорни нарушувања, емоционално нарушување, проблеми во училишни способности (дислексија, дисграфија и дискалкулија), деца со церебрална дисфункција и деца со оштетен вид.

Дефектологот пристапува многу внимателно кон детето низ одбрани терапевтски методи и низ игра. Целокупната идеја на терапијата за сензорна интеграција е да се контролираат сензорните дразби, особено од вестибуларниот систем, мускулите, зглобовите и кожата и на тој начин детето спонтано да ги генерализира адаптивните реакции кои ги интегрираат сетилата и чувствата. Терапијата е најефикасна кога детето ги насочува своите постапки и акции, додека дефектологот ненаметливо ја одредува атмосферата и средината.

Секоја личност е посебна, а успешноста во дефектолошката работа може да се постигне само тогаш кога на детето ќе му се пристапи индивидуално.  Нашиот мотив за работа се темели врз љубовта и успехот кон нив а допирот, движењето, погледот и гласот  ни се елементите за тотална комуникација со децата.

Децата од Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“ ќе го усовршуваат англискиот паралелно со мајчиниот

$
0
0
donacija-angliski-vo-domot-za-deca-bez-roditeli-11-oktomvri-objava-17

„Благодарни сме на Центрите „Хелен Дорон“, што во новата училишна година им овозможија на децата да се запознаат со програмата стара 25 години, која според моите сознанија, е навистина интересна и ефикасна. Она што со сигурност можам да го потврдам, е дека децата нема да пропуштат ниту еден час бидејќи музичките дискови од програмата веќе се слушаат кај нас. Децата се навистина среќни, а за мене како Директор, тоа е навистина значајно”, изјави Ристенка Атанасовска, Директор на Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“.

Програмите за создавање билингвални деца со рано изучување на англискиот јазик се вистински хит во светот, а отсега и децата од Домот без родителска грижа “11 Октомври” ќе го усовршуваат својот англиски јазик по програма од овој тип.

donacija-angliski-vo-domot-za-deca-bez-roditeli-11-oktomvri-objava-5

Оваа можност, во форма на едукативна донација ја овозможија Центрите за рано изучување на англискиот јазик „Хелен Дорон“, како најпозната франшиза во светот за создавање на деца чиј англиски јазик ќе биде еднакво флуентен како македонскиот. На радоста и немаше крај откако дечињата дознаа дека секоја недела, наставен кадар од Центрите „Хелен Дорон“ ќе ги посетува и ќе имаат интерактивни часови по англиски јазик во следните три месеци.

donacija-angliski-vo-domot-za-deca-bez-roditeli-11-oktomvri-objava-3

donacija-angliski-vo-domot-za-deca-bez-roditeli-11-oktomvri-objava-4

„Благодарни сме на „Хелен Дорон“ – центрите, што во новата училишна година им овозможија на децата да се запознаат со програмата стара 25 години, која според моите сознанија, е навистина интересна и ефикасна. Она што со сигурност можам да го потврдам, е дека децата нема да пропуштат ниту еден час бидејќи музичките дискови од програмата веќе се слушаат кај нас. Децата се навистина среќни, а за мене како Директор, тоа е навистина значајно“, изјави Ристенка Атанасовска, Директор на Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“.

donacija-angliski-vo-domot-za-deca-bez-roditeli-11-oktomvri-objava-8

donacija-angliski-vo-domot-za-deca-bez-roditeli-11-oktomvri-objava-9

Донацијата беше направена во пресрет на уписите во Центрите „Хелен Дорон“, кои ги има во Скопје, Битола, Струмица и Радовиш.

„Центрите „Хелен Дорон“ не се класичен центар за изучување на англиски јазик, па затоа и начинот на промоција е насочен кон запознавање на што повеќе деца со бенефитите на програмата. Оваа донација е наша желба веќе подолг период, па ни претставува особена чест што токму во пресрет на новата учебна година на Центрите, наши ученици ќе бидат и децата од Домот за деца „11 Октомври“. Убедени сме дека програмата ќе им се допадне, а воедно и ќе ги видат придобивките од истата – учење на англискиот јазик и негова употреба на исто ниво како македонскиот јазик. Ова е програма за создавање на “деца на иднината” и сме многу среќни што децата од Домот ќе бидат дел од неа“, изјавија Валентина Динева, сопственик на „Хелен Дорон“ за Република Македонија.

donacija-angliski-vo-domot-za-deca-bez-roditeli-11-oktomvri-objava-6

Со оваа донација, отпочна кампањата за промоција на оваа уникатна програма за изучување на англискиот јазик. Сопствениците на „Хелен Дорон“ го најавија и караванот со демо часови, кој ќе посети повеќе градови во Република Македонија, а започнува во Сабота (20.09) на Детски ЗОО Фест кој се одржува во Зоолошката градина во Скопје, со почеток од 11 часот.

donacija-angliski-vo-domot-za-deca-bez-roditeli-11-oktomvri-objava-14

 

Хелен Дорон Методот и придобивките од двојазичноста кај децата: Сега достапно и во Македонија!

• Што значи двојазичноста и кои се нејзините бенефиции

Билингвализам или двојазичност значи владеење и знаење на два јазика совршено, каде двете јазични платформи се на ниво на мајчин јазик каде личноста пишува и говори течно два мајчини јазика со слободна и природна комуникација. Нешто што е помалку познато е тоа што билингвализмот може да се развие уште од многу рана возраст, дури кај бебиња од 3 месечна возраст. Колку порано се започнува со изучувањето на јазикот толку е полесно за децата да го апсорбираат самиот јазик. Бидејќи живееме во глобализиран свет, зборувањето на два јазика значи и разбирање на различните култури во светот и нивно почитување со што се прошируваат начините на размислување на самите индивидуи кои прераснуваат во широко гледни. Билингвалните деца во иднина имаат отскочна даска за подобри шанси за успех и вработување.

Знаењето на втор мајчин јазик подразбира и размислување на тој јазик, со течна и лесна комуникација, каде самиот акцент е природен – ефект кој се постигнува само во раната детска возраст, најкасно до 7 годишна возраст. Научно е докажано дека во тој период на ментален развој, децата имаат мозочен потенцијал да создадат два јазични системи.

Истотака, двојазичните деца имаат побрза мозочна активност со поголем размер, бидејќи самиот двоен јазичен пристап создава поголем развој на мозочни синапси во деловите на мозокот кои се одговорни за внимание, меморија, фокус и мултитаскинг. Во научни истражувања, двојазичните деца за разлика од своите другарчиња кои владеат само еден мајчин јазик, се повеќе способни за решавање на покомплексни и логични проблеми.

Билингвалните деца се емоционално постабилни со што се зголемува и самодовербата и самопочитта, кое пак резултира во подобра социјална интеракција во општеството и побрзо привикнување во нови средини и ситуации. Скратено децата се посигурни во себе и своите знаења и можности. Изучувањето на нови зборови т.е. зголемувањето на вокабуларот на билингвалните деца е многу полесно, а учењето на трет или четврт јазик после тоа е многу поедноставно.

• На која возраст е најдобро децата да започнат со учење на втор странски јазик и како се постигнуваат најдобри резултати со методот на Хелен Дорон?

Хелен Дорон методот е систем на рано изучување на англискиот јазик, со спектар на повеќе програми за различна детска возраст. Хелен Дорон зад себе има искуство од над 25 години во повеќе од 35 земји, со 750 центри, бројка која постојано се зголемува заедно со бројот на задоволни родители на повеќе од 2 милиони деца низ светот.

Најдобро време за почнување со учење на англискиот како втор мајчин јазик е што порано тоа подобро. Според досегашните искуства и научни истражувања најдоцниот период до кога децата можат да го “програмираат” својот мозок да размислуваат, зборуваат и комуницаат на англиски течно и совршено” е до 7 годишна возраст.

Самиот метод се базира на учење низ забавни игри и песни со кое детето на позитивен начин е охрабрено да го впива новото знаење на многу органски начин во форма на сепак добро осмислени активности базирани на методолошки материјали. На часовите во Хелен Дорон центрите, се создава вештачка англиска средина каде што комуникацијата се одвива само на англиски јазик помеѓу децата и учителот.

Ваквата средина децата до 7 години ја привикнуваат како спонатана и нормална со кое говорењето на англискиот јазик станува природно, а двојазичноста откако е оформена само зацврснува и се зголемува. Во наставата која се изучува на англиски јазик, има енциклопедиски материјал сè со цел повеќе да се научи за своето опкружување. Самите ученици на часовите охрабрени се постојано да комуницираат меѓу себе со што зголемената интеракција придонесува и зголемена меѓусебна почит.

• Од која до која возраст може да се изучува англискиот според Хелен Дорон Методот и програмите кои се нудат и колку се во група?

Програмите на Хелен Дорон Методот се осмислени за деца од 3 – 22 месеци, од 2 – 12 години и од 12 – 18 години. Секоја програма е специфично оформена според возраста на децата кои се наоѓаат во одредена група. Во групите најмногу можат да бидат вклучени 8 деца каде што се создава предност учителот подобро и подолго да се фокусира на секое дете во просторијата.

• Како е можно мали бебиња да учат два мајчини јазика одеднаш и на кој начин се одвива учењето кај оваа специфична група на ученици?

Секоја личност се гради и развива и ментално и емоционално уште од најрана возраст. Најдобар период за искористување на мозочниот потенцијал кај децата и развојот на зголемена интелегенција и говорните и комуникациски вештини. Главната причина поради која до 7та година од животот е најдобро да се изучува англискиот како втор мајчин јазик е што до таа возраст кај децата се создадени дури 75% од мозочните врски во мозочниот кортекс.

Програмата за бебиња од 3 до 22 месеци, Baby’s Best Start (BBS) или Најдобриот почеток за бебиња е специјално дизајнирана за најмалите ученици во Хелен Дорон центрите, каде родителите, дедовците или бабите доаѓаат со нив на часовите и заедно учествуваат во наставата заедно со учителот. Наставата е во форма на расни римувани песни и активности на англиски јазик, каде родителот освен што ужива во учењето и дружењето со своите деца туку има и можност да го зголеми своето знаење и вокабулар по англиски јазик. Во оваа програма бебињата учат да запамтат и научат повеќе од 550 англиски зборови.

donacija-angliski-vo-domot-za-deca-bez-roditeli-11-oktomvri-objava-15

donacija-angliski-vo-domot-za-deca-bez-roditeli-11-oktomvri-objava-16

donacija-angliski-vo-domot-za-deca-bez-roditeli-11-oktomvri-objava-17

Скопје Сити Мол со најевтин паркинг простор во градот!

$
0
0
skopje-city-mall

“Првиот час при паркирање на возилото на паркингот на Скопје Сити Мол е БЕСПЛАТЕН. Истото важи и за паркирање на возило по 20 часот. Доколку возилото се задржи пет часа во гаражниот простор на молот, истото ќе го чини 40 денари!”

skopje-city-mall

Скопје Сити Мол го активираше системот за наплата на паркинг места во состав на молот. Иако досега бесплатниот паркинг го менува својот карактер, истиот станува најевтин паркинг простор во Скопје!

Првиот час паркирање на возилото на паркингот на Скопје Сити Мол е БЕСПЛАТЕН. Истото важи и за паркирање на возило по 20 часот. Доколку возилото се задржи пет часа во гаражниот простор на молот, истото ќе го чини 40 денари!

Наплатата се врши на излезите кон паркингот на трите нивоа, како и на самите излези (кај синиот, црвениот и зелениот излез).

skopje-city-mall-parking

Виталиа со нова продавница во Скопје Сити Мол

$
0
0
vitalia-city-mall-4

Уникатните и здрави производи, заслужуваат уникатен простор за продажба – специјално дизајниран простор со бои од природата станува синоним за продажните места на Виталиа

vitalia-city-mall-1

Нова продавница за здрава храна во Скопје! Од денес, посетителите на Скопје Сити Мол, ќе можат да ги набават своите омилени производи од производната палета на Виталиа, во новоотворениот киоск на Виталиа, кој се наоѓа на 0 ниво (приземје) во најголемиот мол во државата.

„Виталиа е повеќе од две децении присутна на пазарот, а самиот факт дека се работи за компанија која е лидер на пазарот за производство на здрава исхрана, наметнува повисоки стандарди за презентацијата на производите. Водени од овој факт, одлучивме нашиот нов продажен салон да го отвориме во Скопје Сити Мол. Истиот е нависитна уникатен, модерен, креиран со стил – се со цел презентација на здравите производи на посебен начин. Ние се грижиме за културата на исхрана на граѓаните, а со ова само ја потврдуваме определбата на Виталиа која е во насока на подобрување на здравјето на граѓаните, преку креирање на оригинални и иновативни здрави производи”,  изјави Искра Ветаџокоска – Муцунска, управител и ко-сопственик на Виталиа.

Во новиот продажен киоск, купувачите можат да ги најдат сите производи од понудата на Виталиа, а секојдневно ќе имаат ексклузивна можност да ги дегустираат новитетите на оваа иновативна компанија. Отворањето на новиот продажен салон на Виталиа  ќе биде надополнето со понуди и акции, специјално создадени за оваа пригода, со цел промоција на здравата исхрана и здравиот начин  на живот.

vitalia-city-mall-2

vitalia-city-mall-3

vitalia-city-mall-4

vitalia-city-mall-5

vitalia-city-mall-6vitalia-city-mall-7

vitalia-city-mall-8

vitalia-city-mall-9


Што им треба на скопјани од претстојниот Саем за Мебел?

$
0
0
mebel-saem-2015

Распространет на 16.000 метри квадратни, со повеќе од 10.000 парчиња мебел, презентирани од над 400 изложувачи низ 10 саемски хали и само една можност да ја добиете Новата Опел Корса се новитетите за претстојниот Саем за мебел, кој ќе се случува од 24 до 29 март на Скопски саем

Mebel-2015-980

Меѓународниот саем за мебел оваа година го одбележува своето 41 годишно постоење со импозантна посетеност како секогаш, така и овојпат, се очекуваат повеќе од 50.000 посетители кои ќе го посетат Скопски саем и ќе го уредат својот дом или работно место со убаво и удобно парче мебел.

Презентација на повеќе од 10.000 парчиња мебел, за прв пат поставени во 10 саемски хали, од 24-29 март 2015 година, ќе ги очекува граѓаните кои ќе имаат можност да го посетатат Скопски саем, а со секоја купена влезница да станат и потенцијални добитници на новата Корса, од Опел – екслузивниот партнер на МЕБЕЛ 2015.

А бидејќи удобното возење е еднакво на комфорно уживање во тросед, токму затоа, група Скопјани уживаа во комфорот и удобноста, кои по случаен избор на улиците низ Скопје имаа шанса да се возат во новата Опел Корса и на тој начин да се информираат за претстојниот Саем за мебел.

Голем избор на сè што е удобно за домовите. Во 16.000 метри квадратни, посетителите ќе можат да ја најдат идеалната понуда на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини за индустријата на мебел.

Саемот за мебел започнува на 24 март и трае до 29 март кога всушност ќе се случува и извлекувањето на наградата за посетители – новата Опел Корса.

Парче мебел за секој метар квадратен!

mebel-2015-poddrzuvaci

Светските спортски брендови го пренесуваат духот на метрополите во Скопје – нова станица за сите љубители на поинакви патики!

$
0
0

Различноста не прави уникатни, а токму тоа е она што се нуди во првата и единствена SNEAKER STATION продавница во Македонија. Нов концептуален шоу рум на lifestyle спортска гардероба со која ќе се запознаете преку урбано, поинакво и оригинално шопинг искуство во Скопје Сити Мол.

bu500

Вториот кат во Скопје Сити Мол е новото место за фанатиците по различни и лимитирани изданија на патики и lifestyle гардероба со урбан печат. Со автентичен израз и уникатно шопинг искуство, BUZZ пристигна и во Македонија.

BUZZ на своите потрошувачи им носи новитети од глобалното опкружување преку селектирани колекции презентирани на посебен начин. Мисијата на овој lifestyle концепт е да промовира нова култура на casual и спортска гардероба преку модерна, поинаква и оригинална презентација.

1bu500

Потрошувачите на BUZZ се трендсетери кои ги следат светските трендови, определени за спортска елеганција која го отсликува нивниот начин на живот – опуштен и “cool“.

BUZZ е синоним за добар шопинг, со добра забава и поволни цени. Едноставно, BUZZ е новата главна станица на сите љубители од Македонија и регионот на одлични и поинакви патики.

Продавницата е лоцирана на 2 кат во Скопје Сити Мол, веднаш до делот кај рестораните, а за повеќе детали можете да ја проверите нивната фејсбук фан странаwww.facebook.com/buzzmacedonia

Најдобрата Европска бродска компанија ќе вработува млади и амбициозни лица од Македонија

$
0
0
cruise ship employment with kouzon

Во летниот период многу македонски туристи можат да се сретнат како гости на големите бродови за крстарење.

cruise ship employment with kouzon

Додека туристите сонуваат за крстарење, младите од Македонија чекаат прилика да добијат работа на брод, преку која ќе имаат можност бесплатно да го видат и пропатуваат светот. Во коментарите често ќе прочитаме дека нас македонците не има насекаде низ светот.

Вистина е дека Македонците стануваат светски патници и дека скоро и да нема точка на земјината топка каде што нема да сретнете некој од нашава држава.

За да бидеме уште поприсутни по светските мориња и океани , се погрижија бродските компании кои интензивно вработуваат млади кадри од Македонија.

Една од тие бродски компании за крстарење (со супер луксузни бродови) е и италијанската компанија MSC Cruises.

mscseaside

Оваа компанија повеќе од 2 години организира балкански интервјуа за вработување во Скопје.

Од 25-30 Јули , менаџерите на MSC Cruises ќе имаат лични интервјуа со сите оние кои ќе искажат желба , спремност и пред се мотив з аградење на успешна кариера за оваа компанија, Како и за сите останати Cruises компании, и овие вработувања за MSC Cruises ќе се реалзиираат преку најголемата Балканска агенција за вработување (македонскиот супер бренд) Коузон.

Во Коузон спремно ги очекуваат заинтересираните апликанти со тоа што доволно е да се испрати само едно CV на англиски јазик на info@kouzon.com.mk

За предстојното интервју за MSC Cruises, можат да аплицираат лица кои имаат работно искуство од работа во ресторани, барови, хотели како и работно искуство во други области од услужната дејност Платите за овие работни позиции се движат од 850-2300 USD.

Рамстор Мол официјално го промовираше изданието Рамстор мени

$
0
0
Menu 2

Menu 2

Рамстор Мол воведе уште една новина во својата богата понуда на услуги за своите посетители, а тоа е изданието Рамстор мени во кое секој месец ќе се промовираат вкусни специјалитети по примамливи цени.

Рамстор Мени ќе ги комуницира месечните промоции на брендовите во одделот за брза храна во трговскиот преку специјалитети на месецот, промоции на месецот и десерти на месецот.

Како што најавија од Рамстор Мол ова издание ќе излегува еднаш месечно, а преку него љубителите на вкусната храна ќе добијат можност постојано да бидат во тек со најновите понуди на локалите за храна.

Претставниците на трговскиот центар ги повикуваат сите гурмани да го посетат трговскиот и да ги вкусат новите специјалитети на интернационалната и домашна кујна која се нуди во Рамстор Мол.

Првото издание на Рамстор Мени може да се погледне и на следниот линк: https://issuu.com/ramstoremallvesnik/docs/ramstore_menu_01/8?e=0

Menu 1

Viewing all 12 articles
Browse latest View live