
Датум: Понеделник, 11 Ноември 2013
Почеток: 20:00 часот
Локација: Драмски театар – Скопје
Автор: Венко Андоновски
Режија: Владлен Александров
Улоги: Зорица Стојановска, Роберт Вељановски, Атанас Атанасовски, Филип Трајковиќ, Ердоан Максут, Роберт Ристов, Нина Деан, Едмонд Сотир, Крсте Јовановски, Валентин Костадиновски, Жарко Димоски, Илија Илиоски,Катерина Шехтанска-Лаковска
Ако стравот од смртта се победува само со комичното и со смеата, ако солзите и смеата се исто, ако гробиштата се место каде се покажуваат апсурдноста и комичноста на сите наши амбиции, ако некој политичар си го режира сопствениот закоп додека е жив, ако еден безнадежен кандидат за возач се обучува на гробишта затоа што таму е најбезбедно, и ако уште таму прегази пешак, ако таму се радаат нови љубови и ноќе работи една јавна куќа… е тогаш се добива „За секого има по една“. Ова е комедија на забуна (не само забуна на ликовите), туку комедија на целосна забуна: комичното е збунето од трагичното, трагичното од комичното. Нема ништо посмешно од збунет човек, и уште повеќе – од збунет свет.Венко Андоновски
Фотогалерија















