
Датум: Сабота, 26 Октомври 2013
Почеток: 20:00 часот
Локација: Драмски театар – Скопје
Автор: Алдо Николај
Режија: Александра Кардалевска
Улоги: Крсте Јовановски, Зорица Стојановска, Кристина Ласовска, Атанас Атанасовски, Јелена Жугиќ, Валентин Костадиновски – Тино, Тања Мицков, Роберт Ристов, Илија Илиоски, Жарко Димоски и Ердоан Максут.
За претставата
Алдо Николај, користејќи го искуството на некои современи драмски автори кои ја обработуваат тематиката на Хамлет од Вилијам Шекспир, во овој текст, се занимава со младиот принц и неговата дилема: “да се биде или не”, но погледнта од еден сосема поинаков агол.
Дејството е сместено во кујната на дворецот Елсинор каде што е зготвена и духовито зачинета фабулата на Шекспировиот Хамлет. Како што добриот сос е неопходен за вкусно јадење, така и љубопитниот кралски готвач Фроги, заедно со својата готварска свита, е неопходен за дворските сплетки. А кога е во прашање кујната на данскиот двор каде конзумер е младиот принц Хамлет и неговото кралско семејство, тогаш приказната восприема неочекувано трагичен тек, несвесно придвижуван токму од главниот готвач кој на крајот се обидува да опстане во време на политички превирања и промена на кралската власт. Токму, врската помеѓу хаотичниот свет на готвачот и случувањата во дворот станува имплицитна стратешка идеја на текстот “Хамлет во пикантен сос”, кој претставува бисер меѓу концептите карактеристични за “карневалската книжевност”.
Претставата го претставува светот на дворската кујна како некој вид сензуално или невротично-весело хамлетово подземје, каде се вкрстуваат потсвесните карактерологии на ликовите од Елсинор.
Фотогалерија



















