Quantcast
Channel: Спонзорирани линкови – lider.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 12

Марија Ристовска-Техномаркет: Први го воведовме „црн петок“

$
0
0
Marija Ristovska - Tehnomarket

Техномаркет прв ја почна традицијата за организирање на „црн петок“ и во Македонија, со драстично намалување на цените на производите. Дали сте задоволни од одзивот на граѓаните и потрошувачката?

-Ја започнавме иницијативата за организирање на „црн петок“ пoпусти со цел да им дадеме на граѓаните можност да се снабдат со бројни апарати за домаќинство и бела техника по многу ниски, односно екстремно пристапни цени. Во западните земји исчекувањето на „црниот петок“ е големо и проследено со двојна возбуда, како што кажав, освен поради големите попусти, исто така и поради постоењето и чувството на празнична атмосфера. Иако оваа традиција не е толку популарна кај нас, сепак воведувањето на истата ни беше вториот мотив. Веројатно токму тоа придонесе интересот на граѓаните да биде навистина огромен. Ние сме и повеќе од задоволни. Иако светски познатиот “црн петок“ за првпат се организира кај нас, побуди интерест кај граѓаните на Македонија и тие во голема мера ги искористија намаленијата на производите во Техномаркет. Продажните салони на нашата компанија ширум државата беа преполни, а судејќи според позитивните коментари на нашите потрошувачи, оваа акција претставуваше вистинско освежување пред новогодишните и божиќните празници.

Кои производи беа најмногу купувани?

-Како што имавме дадено попусти на голем број различни производи, така и интерсот на граѓаните беше различен, секој соодветно на сопствените желби и потреби. Но, според очекуваното најголем интерес предизвикаа телевизорите. Исто така доста продавани беа и апаратите од бела техника како што се микробрановите печки, машините за перење алишта, шпоретите и фрижидерите. Дополнително, побарувачката на малите апарати за домаќинство не стивнуваше за време на деновите на акцијата и купувачите успешно ги користеа намаленијата кои до сега ги сметаме за најголеми од постоењето на Техномаркет на македонскиот пазар.

Колкав промет беше остварен за време на екстремните попусти?

Акцијата Black Friday помина повеќе и од успешно. За време на четири дневната акција, продажбата на нашите производи се зголеми повеќе и од очекуваното, но она што нас конкретно не радува се задоволните коментари на нашите потрошувачи кои успеаа да го доопремат својот дом за време на овој настан, по многу намалени цени. Како што кажав на почетокот, мотивот и нашата цел за “црниот петок“ беше да им се понуди нешто ново, интересно и возбудливо на граѓаните. Нашата цел е исполнета, а задоволството кај клиентите, на кои им овозможивме квалитет и подстапни цени во исто време, за нас значи многу повеќе.

Дали и во иднина се планираат вакви попусти?     

-Акциските намалувања на производите на Техномаркет постојат и функционираат во континуитет уште од отворањето на првиот продажен салон на нашата компанија. Промотивните понуди не се ништо ново, всушност секој ден некој нов производ е на промоција, секоја недела некој бренд или група сродни производи се на одреден попуст. Позитивните коментари од граѓаните кои ги искористија попустите од “црн петок“, се уште не стивнуваат и ние постојано добиваме сугестии дека ваквата акција треба да се повтори. Сигурно е и дека ќе ја повториме, можеби не во иста форма и организација, но нешто слично сигурно може да се очекува од наша страна. Успехот од “црн петок“ акцијата е само дополнителен мотив за нас да продолжиме со вакви интересни акции и кампањи и постојано да ја наградуваме довербата која граѓаните ни ја даваат со години наназад.

Дали сметате дека и другите трговци треба да го следат вашиот пример?

-Ние работиме во бизнис којшто зависи од граѓаните, купувачите, тие ни се најважни, постоиме за нив. Токму затоа нивното задоволство, за нас е успех. Избираме со  квалитет, беспрекорана услуга, одлична понуда по содржини и секако бројни попусти, промоции и олеснителни начини на плаќања да ги привлечеме купувачите. Тие ја имаат нашата достапност и услуга во секое време, а ние нивната доверба, која секогаш се трудиме да ја наградиме. Токму од овие причини, се насочуваме кон креирање на позитивни акции и кампањи со кои ќе ги направиме подостапни нашите производи до нивниот дом, но истото им го порачуваме на сите трговци, затоа што задоволниот потрошувач е основен двигател на секој бизнис, во било која организација. Веќе сведоци сме дека неколку компании почнаа да го следат нашиот пример за “црн петок“ акцијата, што особено не радува.

 

 

 


Viewing all articles
Browse latest Browse all 12

Trending Articles